Wednesday, May 15, 2013

                                 Дигестивен систем


Дигестивниот систем уште познат како систем за варење или гастроинтестинален систем е систем кај цицачите кој ги опфаќа сите органи кои се вклучени во варењето, транспортот и апсорбцијата на храната.  Преку системот за варење внесената храна во организмот се разложува на молекули кои преку ѕидот на цревата влегуваат во крвта и служат како извор на енергија на телото. Овој систем го формираат две компоненти: Дигестивен канал и жлезди придодадени на дигестивниот тракт.


Дигестивниот канал со исклучок на усната празнина, има централна празнина (лумен) и ѕид изграден од 4 слоја (туники):
*Тunica mucosa (слузница)
          - Lamina epithelialis (епител)
          -Lamina propria mucosae (ретко сврзно ткиво)
          -Lamina muscularis mucosae (мускулен слој на слузницата)
unica submucosa (подслузница)
unica muscularis (мускулен слој)
         -stratum circulare
         -stratum longitudinale
*Tunica serosa s. adventita (надворешна обвивка)

 Усна празнина
Lamia epithelialis и Lamina propria се двата структурни дела кои ја сочинуваат слузницата.
Lamia epithelialis- претставена е како многуслоен плочест епител. Тој ја обложуа целата внатрешност и сите структури во усната празнина, не вклучувајќи ги забите.
 Lamina propria- се состои од ретко сврзно ткиво.Слузинкта покажува варијации во различни делови на усната празнина, врз основа на која се извојуваат три типа слузница: мастикаторна, покривна и специјализирана.
Подслузницата се состои од сврзно ткиво. На образите и устата е добро развиена и со помала густина, а на тврдото непце е послабо изразена и погуста. Подслузница недостасува на дорзалната страна на јазикот. Подслузницита е место каде се позиционирани бројни мали плинкови жлезди.
Мускулниот слој е претставен со скелетни мускулни влакна кои учествуваат во процесот на џвакањето и говорењето.

Усни (Labium oris, Labrum)
Основната структура на усните ја сочинуваат фиброеластично сврзно ткиво и напречнопругасто мускулно ткиво.
Надворешната страна е препокриена со кожа каде епителот е многуслоен плочест орожнет, а содржи и стуктирни елементи кои се карактеристични за кожата.
Внатрешната страна е обложена со слузница. Во неа епителот е многуслоен плочест неорожнет. Одводните канали на серомукозните плункови жлезди се отвараат на површината на епителот.
Транзиторна зона има само кај човекот. Карактаристично за оваа зона е присуство на бројни густо подредени папили кои навлегуваат длабоко во епителот. Богати се со капиларна мрежа и благодарение на крвните садови овој дел од усните добива црвена боја.

Образи (Bucce)
Од надворешната страна се препокриени со кожа, а од внатрешната страна обложени се со слузницата на усната празнина. Епотелниот слој во неа е многуслоен плочест неорежнет со клетки богати со гликоген. Во средишните партии на ѕидот лежи мускулен слој изграден од снопови на напречнопругасти мускулни влакна кои овозможуваат 
Гингива
Таа е дел од слузницата во усната празнина. На гингивата разликуваме два региона: слободна и фиксирана гингива.
Слободната гингива е делумно подвижна. Нејзината внатрешна страна гледа кон забот, но одвоена е од него со гингивален жлеб, додека фиксираната гингива е цврсто припоена на површината на забот.

Јазик (Lingua)
Јазикот е подвижен мускулен орган на кој разликуваме врв, тело и корен. Обложен е со слузокожа, која на горната страна содржи вкусни папили.
·         Кончести папили за допир и болка, сместени на врвот од јазикот
·         Габовидни папили, вкусни папили сместени на телото на јазикот
·         Жлебести папили, вкусни папили сместени на коренот од јазикот
·         Листовидни папили, вкусни папили сместени на рабовите на јазикот.

Плункови жлезди (Glandulae salivares)
Плунковите жлезди на усната празнина се делат на две групи: мали и големи жлезди. Малите плункови жлезди сместени се во сврзното ткиво на слузницата или подслузницата. Големите плункови жлезди претставуваат сложени тубулоалвеоларни жлезди кои се локализирани во близина на усната празнина.
Ждрело (Pharynx)
Задниот дел на устата празнина дирекно комуницира со усниот дел на ждрелото, а преку него, кон горе и со носниот дел на ждрелото.
Хранопроводник (Esophagus)
Голтникот преминува во хранопроводот без јасно изразена граница. Хранопроводот е тесна цевка, долга 22-25см, која заедно со трахеата навлегува во градниот кош, поминува низ дијафрагмата и завршува во желудникот. Лигавицата е изградена од многуслоен плочест епител. Откако залакот ќе дојде во горниот дел на хранопроводот, неговите мускулите се контрахираат и ја туркаат во желудникот. Цврстата храна поминува за 6-8 сек., а течностите за 1-2 сек.

 Желудник
Желудникот е торбесто проширување на дигестивниот канал, во кое се собира храната и вари под дејството на желудочниот сок и во вид на каша поминува во тенкото црево. Желудникот по форма личи на круша, лоциран е под левата страна на дијафрагмата. Формата му се менува во зависност од положбата на телото, возраста, полот,и количината на присутна храна. Волуменот на желудникот кај возрасен човек е околу 3 литри. Отворот на хранопроводот во желудникот се нарекува кардија, средниот дел - тело, а спротивниот крај на кардијата, каде е врската со дванаестпалачното црево се нарекува пилорис. На крајот на пилорниот дел има прстовиден мазен мускул, кој формира сфинктер (стегач). Контрахирањето и релаксирањето на пилорниот сфинктер и перисталтичките движења на желудникот го регулираат излегувањето на храната од желудникот.Ѕидовите на желудникот по градба се слични како и останатите делови на дигестивниот канал. Карактеристична е силната мускулатура, составена од три слоја. Слузницата е набрана и содржи голем број на жлезди, кои создаваат желудочен сок. Желудочните жлезди произведуваат солна киселина, ензими и слуз, кои влегуваат во составот на желудочниот сок. Интересно е дека солната киселина не го оштетува ткивото на желудникот. Утврдено е дека внатрешниот слој на слузницата се состои од клетки отпорни на киселината. Наполнетиот желудник создава чувство на ситост.  Храната се задржува во желудникот од 2 до 6 часа во зависност од нејзините физички квалитети и хемиски состав. Најмалку се задржуваат течностите, а најдолго храната богата со маснотии. Кога залакот ќе дојде во желудникот, во неа постепено продира стомачениот сок.




Тенко и дебело црево(Intestinum tenue, Intestium crassum)
Тенкото црево завзема поголем дел од стомачната празнина. Должината кај возрасен човек изнесува од 5 до 7 метри. Почетниот дел на тенкото црево се нарекува дванаесетпалачно црево. Тоa има форма на потковица / или 12 попречни прста / и достигнува должина од околу 30 см. Во дванаесетпалачното црево се влева големиот изводен канал на жолчното ќесе како и каналот на панкреасот. Во дванаесетпалачното црево храната е подложна на дејството на панкреасниот сок,жолчката и ензимите на тенкото црево. Дебелото црево е продолжение на тенкото црево. Долго е околу 1,5 метри. Започнува со слепо црево, на долниот крај на кое се наоѓа црвовиден израсток наречен апендикс. Тој е долг 8-10 см. Во некои случаи се воспалува и предизвикува  апендицитис. Дебелото црево преминува во право црево, кое завршува со анусот